На северниот дел на Велебит во Хрватска, наврна половина метар снег. Почетокот на оваа недела во која почнува месецот, како што беше најавено донесе голема промена на времето со заладување, па дури и снежни покривки на планините.
Како што пренесува „Танјуг“, снег од утрово паѓа во Националниот парк Велебит. Умерен снег паѓаше и во Истра, каде покрај снежната покривка се забележани големи и силни дождови.
Исто така вчера кој наврна во Словенија предизвика проблеми во сообраќајот, па зимската опрема е задолжителна на одредени патишта во северозападниот дел од земјата.
Снежни врнежи во утринските часови имаше на подрачјето Крањска Гора, а подоцна и на Бохињ, јавуваат словенечките медиуми.
Снег паѓа на надморска височина од околу 800 метри. Сообраќајниот информативен центар за државни патишта предупреди возачите дека поради зимските услови затворени се неколку планински превои