Зависноста од купување, позната и како ониоманија, според неодамнешната студија на медицинската школа во Хановер, би требало да се прогласи за ментална болест.
Имено, истражувањата покажале дека 7 отсто од возрасните покажуваат некој вид на компулсивни проблеми во врска со купувањето, и дека тој број во последните две децении расте во Америка и во Европа.
Зависниците од купување често го наведуваат нагонот за трошење или анксиозност која може да се ублажи само со купување. Тие лица купувањето го користат и како бег ство од негативните емоции.