Во Франција протести против антисемитизмот

71

Илјадници лица денеска излегоа во Франција да протестираат против антисемитизмот.

Митингот што се одржа на Плоштадот на Републиката во центарот на Париз беше најголем од десетината низ целата земја.

Речиси 20 политички партии ги повикаа своите поддржувачи да се приклучат на митингот, а францускиот премиер Едуар Филип беше на демонстрациите во Париз.

Во текот на денот, претседателот Емануел Макрон изјави дека Франција ќе го направи неопходното за да ги спречи злосторствата направени од омраза.

Повод за митинзите е сквернавење на 96 надгробни плочи на еврејските гробишта во Елзас, во близина на границата со Германија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...