Во Франција блокирани автопатиштата, во протестите повредени над 400 лица

59

Откако вчера 287.000 лица протестираа во Франција поради покачувањето на цените на горивото, автопатиштата во земјата утрово, во знак на протест, се блокирани на околу 40 места.

Француската Влада утрово порача дека нема да ја менува нејзината фискална и еколошка политика и покрај демонстрациите.

Во вчерашните протести во Франција повредени се над 400 лица, од кои 14 се во критична состојба. Меѓу повредените има и полицајци и пожарникари.

Француската полиција привела 282 демонстранти. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...