Според податоците на унгарскиот Централен завод за статистика, речиси 400.000 унгарски државјани ја напуштиле земјата, во која последниве години расте бројот на старите лица.
Ако продолжи сегашниот тренд, статистичарите предвоидуваат дека до 2070 година бројот на жители на земјата би се намалил од 10 на 6 милиони. Најновите статистички податоци покажуваат зголемување на браковите: во 2016 година се венчале 51.800 двојки, а во 2017 бројот на браковите е незнатно смален.
Бројот на новороденчињата стагнира – процентот на раѓања е паднат на 84% во однос на 92% во 2010 година. Добра вест е што процентот на раѓање на трето дете е зголемен од 27% на 35%. Процентот на постари луѓе се зголемил од 13 на 17%, а до 2070 година оваа стапка би можело да се зголеми на 29%. Бројот на жители постари од 80 години пораснал од 260.000 (1990) на 412.000.
Бројот на странци во Унгарија продолжува да расте. Минатата година нивниот број изнесувал 151.000, што оваа година е зголемен на 162.000. Според прогнозите, во следните неколку години бројот на жители на Унгарија полека би се намалил на 9 милиони од сегашните десет. Ако овие трендови што ги бележи статистиката не се променат, стручњаците очекуваат дека во наредните 50 години во Унгарија ќе живеат 6 милиони жители, речиси двојно помалку од сега.