Во Украина загина роднината на Силвестер Сталоне ВИДЕО

Полицијата се сомнева дека возилото БМВ учествувало во улична трка со друг автомобил марка „порше“.

801

Викторија Кравченко (33), далечна роднина на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, загинала како патник во автомобил марка БМВ во Одеса, Украина.

Полицијата се сомнева дека возилото БМВ учествувало во улична трка со друг автомобил марка порше.

Возачот на автомобилот Шамил Гајџиев (22), исто така, загинал. Возилото удрило во друго паркирано возило и потоа се запалило.

Викторијата била ќерка на бизнисменот Валериј Кравченко (66). Врската со семејството Сталоне ја открила Џеки Сталоне (97), мајката на славниот актер. Таа ги истражувала семејните корени, па уште за време на СССР отпатувала во Москва и таму со помош на поранешниот руски претседател Михаил Горбачов го пронашла Валериј Кравченко.

Викторија која трагично загинала во неделата, била мајка на две деца, а работела во една од фирмите на татко ѝ. Во 2009 година рекла дкеа е горда што познатиот актер ѝ е роднина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...