Турската полиција уапсила најмалку 33 странски државјани, осомничени дека се поврзани со таканаречената Исламска држава.
Тие биле уапсени во Анкара, во заедничка антитерористичка оперција на полицијата и националната разузнавачка агенција, пренесоа американските медиуми.
Истовремено, полицијата во раните утрински часови извршила рација во градот Батман, на југоистокот од Турција, каде уапсила 22 осомничени, а рации се спроведени и во Адана и Кајсери, каде биле уапсени 15 лица, од кои шестмина биле странски државјани.
Турските медиуми пренесуваат дека уапсените во Анкара биле со потекло од Ирак, Сирија и Мароко, како и дека се уште се трага по 17 лица.
Во Турција во 2015 и 2016 година беа извршени серија напади во кои беа убиени повеќе од 300 лица, и за кои стоеја ИД и курдските есктремисти.