Во Турција приведено момче осомничено за палење на автомобили во Шведска

Шведската полиција утврдила дека еден од осомничените заминал за Турција и ги предупреди турските власти.

104

Турската гранична полиција привела 19-годишен шведски државјанин по кога е издадена потерница поради сомневање дека учествувал во опажарување на возила во Шведска, објави шведскиот весник „Гетеборгс постен“.

Шведската полиција утврдила дека еден од осомничените заминал за Турција и ги предупреди турските власти. Се предвидува приведениот денеска да биде екстрадиран во Шведска.

Најмалку сто автомобили беа опожарени во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот во реонот на Гетеборг и и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони, а биле координирани преку социјалните мрежи. И синоќа биле опожарени четири автомобили.

Во Шведска приведени се две лица под обвинение дека учествувале во палењето на возилата.

Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.

Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...