Во Турција осудени 14 новинари поради тероризам

Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен.

61

Турскиот суд вчера осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени.

– Новинарите се осудени од 2,5 до 7,5 години затвор. Уште едно лице, кое не беше вработено во „Џумхуриет“, обвинето е за активности на Твитер и е осудено на 10 години затвор, истакна адвокатот Озден Оздемир.

Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен, муслимански свештеник, кој за Анкара е инспиратор на неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.

Осудените ги негираат обвинувањата.

– Ова не е пресуда по законот. Ова е политички случај, посочи Оздемир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...