Маж од Далас, кој пред 18 години ги убил својата жена, двете деца и двајца роднини, денеска е погубен во градот Хантсвил во Тексас.
Абел Охоа бил дрогиран и барал пари да купи уште дрога кога пукал во семејството во својата куќа во август 2002 година.
Тој ја убил својата жена Сесилија (32), седумгодишната ќерка Кристал, деветмесечната ќерка Анахи и мајката и сестрата на сопругата.
– Сакам да се извинам на своето семејство, на кое му нанесов тешка емотивна болка, рече Охоа пред да му биде вбризгана смртоносна инјекција.
Ова е второ погубување годинава во Тексас и трето во САД.
За наредните месеци во Тексас се најавени уште седум погубувања.