Во Србија од 1 ноември зголемување на платите во јавниот сектор од 8 до 15 отсто

Најголемо зголемувње од 15 проценти ќе добијат медицинските сестри и техничарите, 10 проценти ќе одат кај лекарите, а после здравствениот сектор најголемо зголемувања ќе има во секторот наука и култура.

265
ФОТО: EPA / HAYOUNG JEON

Владата на Србија усвои предлог за „позитивен ребаланс“ на буџетот, кој предвидува зголемување на платите од 1 ноември за 8 до 15 проценти, изјави денеска на прес конференција премиерката Ана Брнабиќ.

Најголемо зголемувње од 15 проценти ќе добијат медицинските сестри и техничарите, 10 проценти ќе одат кај лекарите, а после здравствениот сектор најголемо зголемувања ќе има во секторот наука и култура.

Вработените во овие сектори ќе добијат зголемување од 10 проценти, а 9 проценти ќе одат на вработените во образованието, судовите, обвинителствата, службите за социјалните заштита и безбедоносните сили, додека државната администрација ќе добие зголемување од осум отсто.

Премиерката Брнабиќ, изјави дека зголемувањето не би било можно без мерките за фискална консолидација воведени во 2014 година и без дисциплината која нејзината влада ја одржува.

Од 1 декември, Брнабиќ најави дека сите пензионери ќе добијат еднократна помош од 5.000 динари (42 евра), додека зголемувањето на пензиите е планирано од 1 јануари 2020 година и тоа ќе изнесува најмалку пет проценти.

Министерот за финансии Синиша Мали, денес во интервју за Блиц најави дека во декември очекува просечната плата во Србија да изнесува над 500 евра.

Како што изјави, следната година поектираниот стопански раст на Србија ќе изнесува четири отсто, а растот на вкупните инвестиции очекува дека ќе изнесува 9,2 отсто, додека невработеноста ќе падне под едноцифрен број.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...