Во Србија избори за национални совети на националните малцинства

104

Во Србија денеска ќе се одржат избори за 22 национални совети за национални малцинства, на кои 509.315 гласачи имаат право на глас.

Помошникот на министерот за човечки права и слободи во Министерството за државна управа Ивана Антиќ изјави дека 18 национални малцинства, членовите на Советот, ги избраат на непосредни избори, а четири – хрватското, црногорското, македонското и руското преку изборни собранија.

Тие четири изборни собранија ќе се одржат во Белград од 12 часот. Членовите на Советот имаат овластувања во областа на културата, информирањето и образованието и службената употреба на јазиците и писмата на националните малцинства.

Нивниот број зависи од бројноста на националната заедница, односно минимум 15, а максимум 35.

Унгарците, Бошњаците, Ромите, кои имаат повеќе од 100.000 припадници, избираат 35 претставници.

За првпат ќе се избира и формира Националниот совет на руското национално малцинство, така што Србија ќе има 22 национални совети, наместо 21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...