Во Сочи почна првиот Самит Русија – Африка

77

Претседателот на Русија, Владимирт Путин денеска во Сочи го отвори дводневен Самит Русија – Африка.

На првиот Самит Русија – Африка присуствуваат 43 лидери од вкупно 54 африкански држави, додека другите земји се претставени од високи претставници.

Путин на денешниот состанок наведе дека вредноста на руската годишна трговска размена со африканските земји е двојно зголемена во изминатите пет години и изнесува над 20 милијарди годишно.

Тој додаде дека „тоа очигледно не е доволно“, потенцирајќи оти од вкупната трговска размена со Африка околу 40 проценти е со Египет.

Фото: EPA/MIKHAIL METZEL /SPUTNIK/KREML

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...