Во сообраќајката на принцот Филип ќе настрадало бебе

1368

Две жени се повредени во сообраќајната несреќа во која учествувал и британскиот принц Филип, сопруг на кралицата Елизабета Втора.

Принцот, кој има 97 години, возејќи „ренџ ровер“ се обидувал од патот каде се наоѓа кралскиот имот да излезе на автопат, но при тоа удрил во автомобил во кого имало две жени и деветмесечно бебе.

Бебето е неповредено, а без повреди минал и принцот Филип, кој бил шокиран и потресен.

Жените биле однесени во болница. Едната има повреда на коленото, а нејзината совозачка има скршена рака.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...