Бездомниците кои што се корисници на дрога, во Солун ќе добијат простор во кој ќе можат да преспијат и да добијат хигиенски услуги и исхрана, jави дописничката на МИА од Атина.
Проектот е дел од програмата „Центрана Македонија 2014-2020, по иницијатива на Организацијата за борба против дрога што е под надзор на Министерството за здравство, а ќе се биде готов за неколку месеци.
Освен просторот за преспивање, во проектот е вклучено и отворен дневен центар како и мобилна единица за интервенција вон урбаната средина.
– Се стремиме да бидеме готови до декември – вели за АНА-МПА, одговорниот на надлежната служба, Јанис Еминидис.
Тој објаснува дека центарот за преспивање ќе биде со капацитет за 20 лица, а во дневниот центар корисниците на дрога ќе можат да се избањаат, да ги исперат нивните алишта и сл.
– Главно ги таргетираме догогодишните корисници на хероин кои се на плоштадите и спијат на улица, со цел да се намали штетата и да се обезбеди примарна здравствена заштита, психо-социјална поддршка, пристап до лична нега, хигиена, исхрана, исхрана, облека, социјализација за зголемување на индивидуална функционалност, повторно поврзување со државни служби , упатување кон специјални програми за третман – објаснува Еминидис.