Премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, денеска беа во работна посета на локација на која се монтира заштитно јаже со оптика на далекувод од преносната мрежа на МЕПСО во Струмица.
Во изјавата за медумите премиерот Заев истакна дека овој инвестициски зафат на МЕПСО е во целосна согласност со политиките на Владата за да се обезбедат неопходи стандарди за членството на Македонија во ЕУ.
-Со монтажата на оптичката мрежа во системот далекуводи на МЕПСО, нашата земја го фаќа чекорот со проекциите на ЕУ и создава услови во следните три години секој наш граѓанин да има пристап до интерет со брзина од најмалку 30 мегабајти во секунда брз широкопојасен интернет и најмалку 50 проценти од домаќинствата да имаат претплатнички договор за пристап до најмалку 100 мегабајти во секунда супер брз или ултра супер брз бродбенд интернет-пристап, истакна Заев.
Министерот Дамјан Манчевски рече дека Македонија има централизирани политики во делот на ИКТ при што е формиран Националниот совет за ИКТ и со тоа се настoјува да се обезбеди што повеќе широкопојасен интрнет за граѓаните.
-Мапирани се белите зони во државата и точно знаеме каде треба да се инвестира и во кои делови државата треба да инвестира за да им помогне на граѓаните да добијат пристап до широкопојасен интернет. Наша цел е сите граѓани и тие што живеат во најруралните области да добијат доволно брз пристап до интернет, рече Манчевски.
Toj најави дека до крајот на годината ќе се донесе планот за широкопојасен интернет, а со инвестицијата на МЕПСО се отвораат можности за привлекување и на трет мрежен оператор во Македонија, како и провајдери кои би нуделе широкопојасен интернет на граѓаните.
Директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, истакна дека инвестицијата во овој проект е вредна еден милион евра и треба да заврши до крајот на ноември идната година.
-Инвестираме во оптичката мрежа, но оттука, од Струмица, сакам да ја најавам новата инвестиција вредна 5 милиони евра во делот на телекомуникациите и во следните десетина дена треба да биде објавена тендерската документација, рече Василевски.
МЕПСО поставува оптика на 12 далекуводи во вкупна должина од 200 километри. Поставувањето на оптиката почна н