Во Скопје премиера на „Враќање” од Кастриот Абдули

221

Македонската и светска премиера на долгометражниот игран филм „Враќање” / “Kthimi”, во режија на Кастриот Абули ќе се одржи во кино комплексот Cineplex во Сити Мол во среда во 20 часот.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на РМ, во копродукција со Косовскиот центар за кинематографија и  Абдули.

Покрај врвни филмски автори, актери и работници од Македонија и Косово, како гостин во филмот, во една од насловните женски улоги, се појавува и француската актерка Делфин Депардје, внука на познатиот светски актер Жерар Депардје.

По премиерата, филмот ќе игра на редовниот репертоар на киното Cineplex

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...