Во Скопје во декември престојувале 19.290 странски туристи

Еерските места ги посетиле 11.969 странски туристи.

79

Над 40 илјади странски туристи ја посетиле земјава во последниот месец од минатата година. Најпривлечни биле Скопје каде што од вкупниот број 40.627 престојувале 19.290, и езерските места каде престојувале 11.969 странски туристи. Најбројни меѓу странските туристи биле од Бугарија 7.483, Грција 5.651, Србија 4.368, Турција 3.154 и Косово 2.237.

Податоците на Државниот завод за статистика, покажуваат дека вкупниот број на туристи во декември 2019 година изнесува 61.468, а бројот на ноќевањата изнесува 119.412.

Бројот на туристите во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 8,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 4,8 отсто.

Бројот на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 1,7 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 12,6 отсто.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, е зголемен за 0,4 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7,8 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,1 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,9 отсто, а кај странските има зголемување за 7,1 отсто.

Во периодот јануари – декември 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,7 отсто, и тоа: бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,8 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...