Сингапурската банка ДБС денеска ги евакуира 300 вработени откако еден нивен работник се зарази со новиот коронавирус.
Поради претпазливост, ДБС им наложи на вработените да работат од дома.
– Во моментот детално испитуваме со кого инфицираното лице беше во контакт, се наведува во соопштението на ДБС.
Министерството за здравство на Сингапур вчера потврди дека се регистрирани 47 пациенти, што е најголем број на инфицирани надвор од границите на Кина.
Од новиот тип на коронавирусот (ЦОВИД-19) заразени се повеќе од 45.100 луѓе, од кои 1.116 починаа.