Во Сибир горат 5,4 милиони хектари шума, се губи надеж дека пожарите можат да се смират (ВИДЕО)

457
ФОТО: EPA / RUSSIAN FEDERATION SERVICE AVIAT

Горат околу 5,4 милиони хектари шума во Сибир. Само околу девет отсто од пожарите активно се гасат, бидејќи руските власти се сконцентирале на огнот кој им штети на населбите или индустриските и други клучни објекти.

Григориј Кукшин, шефот на одделението за противпожарна заштита на Гринпис Русија рекол дека единствен спас е да заврне дожд.

– Само дождови може да го изгасат ова сега. Невозможно е да се угаси пожарот со групна сила, дури и ако ги собереме сите пожарникари, ги повикаме Американците и ги додадеме луѓето од Европа. Се фрлаат 40 тона вода и со тоа може да се изгаснат привремено само 750 метри и тоа под услов ако се погоди вистинското место. Тоа не е многу со обѕир на пожарите, додека трошоците со фрлената вода, со обѕир на трошоци на превозот, плата на персоналот, се близу до трошоци за шампањско. Значи 40 тона шампањско – рекол тој.

Стручњакот Александар Бриукханов рекол дека овогодишните пожари се „многу јаки“.

– Изгубени се месец дена. Пожарите не се гасени првите месец дена, а сега тоа е невозможно. Се случува и шума која се изгасила, пак да се запали – додал тој.

ФОТО: EPA / RUSSIAN FEDERATION SERVICE AVIAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...