Во секташки ритуал убиени седум, а малтретирани 14 луѓе

За време на ритуалот десет водачи ги опколиле луѓето, ги малтретирале, удирале, гореле и ги сечеле со мачети, со цел да се „покаат за своите гревови“.

375

Седум лица се убиени, а 14 луѓе, меѓу кои има деца и бремени жени, биле физички малтретирани во еден верски ритуал одржан во џунгла во Панама.

За време на ритуалот десет водачи ги опколиле луѓето, ги малтретирале, удирале, гореле и ги сечеле со мачети, со цел да се „покаат за своите гревови“.

Тоа се случило на еден подалечен имот на кој е направена импровизирана црква на малку познатата секта „Ново божевско светло“, а кога полицијата пристигнала со хеликоптери, успеала да ослободи 14 членови на автохтоната доморотска група Нгабе Бугле, кои биле врзани и удирани со дрвени стапови.

Полицијата и обвинителството биле известени од тројца припадници на групата кои успеале да побегнат, а кои потоа биле хоспитализирани.

Според обвинителот, на местото на инцидентот биле пронајдени голи мажи и жени, како и мачети, ножеви и ритуално жртвувана коза. Два километра подалеку од местото се пронајдени безживотни тела на шест деца и една бремена жена.

Станува збор за релативно нова секта во таа област, која веројатно дејствувала околу три месеци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...