Во светот годишно 270 милиони повреди на работа, Македонија не ги брои

Гранки со највисока инциденција на професионални болести се рударството, градежништвото и преработувачката индустрија.

83

Македонското здружение за заштита при работа во соработка со Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикати на Македонија денеска и утре во Скопје организира обука за тоа како да се сочува здравјето на работниците и како да се превенираат инвалидноста, професионалните болести и повредите на работа.

На обуката присуствуваат претставници од здруженијата на работодавачи, комори и стручни лица кои работат на полето на безбедноста и здравјето при работа.

Податоците на Меѓународната организација на трудот (МОТ) покажуваат дека секоја година се регистрираат 270 милиони повреди на работа со отсуство од работа подолго од три дена и 160 милиони професионални болести. Околу 30 до 40 отсто од нив минуваат во хронични и иреверзибилни состојби, а 10 отсто се поврзани со целосен и траен губиток на работната способност.

И податоците на Светската здравствена организација укажуваат дека 1/3 од работната популација во светот постара од 45 години боледува од една или повеќе болести во врска со работата и проценет морталитет на околу 800 илјади работници на годишно ниво.

Гранки со највисока инциденција на професионални болести се рударството, градежништвото и преработувачката индустрија.

Во земјава, пак , не може да се најдат точни податоци колку работници годишно се повредуваат на работното место.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...