Во Русија денеска е приведен поранешниот министер за развој на Далечниот исток Виктор Ишаев, обвинет за измама на нафтениот гигант „Росњефт“, соопшти портпаролката на руската истражна комисија Светлана Петренко.
Тој се товари дека кривичното дело го извршил во периодот од 2014 до 2017 година, кога бил потпретседател на „Росњефт“.
Истражната комисија денеска соопшти дека Виктор Ишаев и неколку други неименувани лица се обвинети за проневера на пари преку измамнички активности од државната нафтена компанија Росњефт.
Ишаев уште се уште официјално не е обвинет, а претреси се спроведуваат на неименувани локации, соопшти Комисијата.
Тој е втор министер од владата на поранешниот премиер Дмитриј Медведев која е уапсен оваа недела. Михаил Абизов беше уапсен под сомнение дека извршил измама и организирал криминална група, што тој демантира.