Романската полиција го приведе италијанскиот државјанин Матео Полити, кои се претставувал и работел како пластичен хирург во клиники во околината на Букурешт.
Полити (38), којшто го користел името Метју Мод тврдејќи дека е Британец, работел во неколку приватни клиники. Медицинскиот колеџ соопшти дека не му издал работна дозвола.
Лиценцата сепак ја добил од надлежните државни установи во март 2018 година, откако приложил лажна диплома од Косово.
Министерката за здравство на Романија, Сорина Пинтеа изјави дека постои сомнеж за корупција.
Романските медиуми уште известуваат дека Полити и во Италија бил суспендиран на 18 месеци затоа што работел без дозвола.