Во пукотници во Њујорк четворица починати, а петмина ранети

363

Во Њујорк се случило пукање, а според првичните информации, убиени се четири лица, а петмина се ранети, јавуваат американските агенции.

Асошиејтед прес известува дека сѐ уште никој не е уапсен, и дека пукањето се случило во Бруклин.

Полицијата за Њујорк пост изјави дека неколкумина се приведени на испрашување, а мотивот за нападот сѐ уште е непознат.

Нападот се случил во ноќен клуб во квартот Краун хајтс, а локалот се изнајмува за приватни забави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...