Во Прага голем протест против премиерот Андреј Бабиш

194

Околу 250.000 луѓе денеска се собраа во Прага и го повикаа премиер Андреј Бабиш да поднесе оставка, поради малверзации со субвенции од ЕУ, пренесоа организаторите на протестот.

– Судејќи по фотографиите од воздух, се чини дека не има околу 250.000. Ќе видиме уште колку луѓе ќе дојдат, рече Микулас Минар, кој ја води невладината организација „Милион моменти за демократија”, организатор на протестот.

Чешките медиуми објавија дека ова е веројатно еден од најголемите протести од падот на комунизмот во 1989 година.

Протестите против премиерот започнаа во април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...