Во потрага по сродна душа: наместо свои, разменуваат фотки од содржината на своите фрижидери

#Refrigerdating е новиот термин кој би требало да ви го разјасниме

162

Во морето апликации и платформи за спојување и пронаоѓање на сродни души, се појави уште една за која би требало да знаете. Таа е малку поинаква од сите останати.

Станува збор за „refrigerdating“ и ја осмислил Самсунг, а концептот е таков што корисниците разменуваат фотографии од содржината на своите фрижидери.

Да, да, добро прочитавте.

Имено, творците на оваа платформа тврдат дека сликата од содржината на фрижидерот е нешто со чија помош би можеле најдобро да ја прикажете својата личност и да покажете што ви значи во животот, а што не, но и да дојдете до блискост, особено ако се водите од она дека љубовта поминува низ желудникот. Исто така, при создавањето на оваа мрежа авторите нагласиле и дека сметаат дека е кујната една од најважните простории за односот на двајца луѓе.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...