Во поплавите во Индија најмалку 37 загинати

Oштетен е и надворешниот ѕид на тврдината Фатехпур Сикри, која е од 16 век.

50

Најмалку 37 лица загинаа оваа недела во поплавите предизвикани од монсунските дождови во северна Индија.

Владиниот портпарол Аваниш Авасти денеска изјави дека поголем број од луѓето настрадале при рушење на куќите во Агри, северноиндиски град каде што се наоѓа познатата градба Таџ Махал.

Според него, оштетен е и надворешниот ѕид на тврдината Фатехпур Сикри, која е од 16 век.

Метеоролошката служба прогнозира дожд и во наредните 48 часа во најнаселената индиска држава Утар Прадеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...