Во Полска се преврте цистерна со 12 тони чоколада

Патот беше прекриен со чоколада во слој од пет сантиметри, кој по протекувањето веднаш почна да се лади и стврднува. Во еден момент делуваше како на патот да има огромна табла од чоколада, соопштија од полицијата.

420

Во сообраќајна несреќа на автопат во јужна Полска се преврте цистерна која пренесувала 12 тони течна чоколада.

Поради несреќата автопатот од Познањ до Варшава во двата правци беше затворен неколку часа, се додека коловозот не беше целосно исчистен.

„Патот беше прекриен со чоколада во слој од пет сантиметри, кој по протекувањето веднаш почна да се лади и стврднува. Во еден момент делуваше како на патот да има огромна табла од чоколада“, соопштија од полицијата.

За среќа, возачот на цистерната ја повредил само раката и е префрлен во болница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...