Во полициска акција во Србија уапсени околу 150 луѓе

521

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ изјави денеска дека во голема полициска акција се уапсени околу 150 луѓе, а распишана е црвена Интерпол потерница за Филип Кораќ, за најтешко кривично дело.

Полицијата упаднала во неколку десетици куќи и станови и притоа уапсила десетици осомничени. Исто така, влегла и во куќите на некои од најмоќните луѓе кои се поврзуваат со нарко-кланови.
– Во овие случаи не е лесно да се најдат докази. Ќе се трудиме да собереме доволно докази за да добиеме епилог. Претресите и натаму траат – рече Стефановиќ на прес-конференција во Белград.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...