Во Подгорица приведен новинар на порталот „Борба“

83
Photo: EPA/BORIS PEJOVIC

Новинарот и уредник на црногорскиот портал „Борба“, Дражен Живковиќ утрово е приведен во Подгорица по налог на Основното државно обвинителство.

Според неофицијални информации од Управата на полицијата, Живковиќ е приведен бидејќи не се одзвал на сослушувањето во Основното државно обвинителство.

Против Живковиќ пријава поднесе Демократска Црна Гора.

Демократски фронт го осуди приведувањето на новинарот Живковиќ.

– Демократски фронт посебно го осудува самиот чин на апсење на новинарот Живковиќ, претставник на јавниот збор, што дополнително говори за бескрупулозноста на полицискиот режим. Со тоа е извршен уште еден флагрантен удар на слободата на медиумите и новинарската дејност во Црна Гора, која е последниот бастион на ригидната диктатура во Европа – се наведува во соопштението на Демократски фронт.

Во соопштението, исто така се посочува дека приведувањето на Живковиќ е по пријава на опозициска партија, која го обвинува новинарот за фалсификување на документи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...