Во план: Украинските возови 10 години да ги управува „Дојче Бан“

Украинското Министерство за инфраструктура веќе потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче Бан“.

378

Украина планира својата железница да ја отстапи на управување на германската „Дојче Бан“, изјави украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на „украинскиот појадок“ во Давос.

– Да, сакаме Германија да управува со нашата железница во наредните 10 години – рече Гончарук.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче Бан“.

Премиерот Гончарук тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктуирање на украинските железници, што го најави претседателот Володимир Зеленски минатиот септември.

Гончарук истакна дека не станува збор за изнајмување или продажба на украинската железница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...