Во Општина Бутел, утре во 11 часот ќе се одржи културната манифестација ,,Цветници 2018“. Станува збор за изложба на 30-на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска.
На етно изложбата ќе бидат презентирани и ракотворбите ( везеници и ткаеници) на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.
Свеченото отворање на етно изложбата ќе биде збогатено со настапот на членовите на КУД ,,Седенка,, и со хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на Општина Бутел.
Изложбата ќе биде отворена до 20 април