Во октомври ќе биде соопштена новата цена на автопатот Кичево-Охрид

Со сегашниот Договор изградбата на автопатот  чини околу 400 милиони евра.

95

Дополнителни 152 милиони евра бара кинески „Синохидро“ за изградба на тунелот на автопатот Кичево-Охрид, но од Владата очекуваат во тек на преговорите, што се во завршна фаза, сумата да се намали за 25 до 30 милиони евра.

Очекувањата се да се постигнат вкупни заштеди од околу 80 милиони евра од првичната цена за автопатот во должина од 57 километри.

Од Владата денеска најавија дека точниот износ на дополнителната цена за автопатот ќе се знае околу 10 октомври за кога за таа намена се планира нов трет анекс со кинескиот изведувач.

Со сегашниот Договор изградбата на автопатот  чини околу 400 милиони евра.

На терен треба да се гради целосно нов тунел,  дополнителни  работи на усеците во должина од 30 километри, како и да се изградат девет нови клучки и регионални патишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...