Бројот на работниците во индустријата во ноември годинава е намален за 2,8 отсто во однос на ноември 2018 година, додека за 11 месеци од годинава е помал за 1,5 отсто во споредба со истиот период лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот „рударство и вадење камен“ бележи пад од 2,9 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има пад од 2,9, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ падот е за еден отсто.
Анализирано според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во ноември годинава споредено со ноември лани бележи пораст од 2,8 отсто во индустриската група „капитални производи“, а опаѓање има кај „енергија“ за 2,6 отсто, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,7, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 3,6 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,7 отсто.