Најмалку 55 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво во Нигер, објавија властите во Нијамеј.
Претседателот Махамаду Исуфу кој ги посети повредените, во болницата изјави дека експлозијата е „национална трагедија”.
Се очекува бројот на жртвите да се зголемува, бидејќи лекарите велат дека неколкумина повредени се наоѓаат во критична состојба.
Властите во Нигер веруваат дека експлозијата се случила откако цистерната се превртела на бензинска пумпа. Дошло до истекување на гориво, кое многу луѓе се обиделе да го соберат.
Многу луѓе загинале во слични несреќи во западна Африка, каде што сиромашните жители ги ризикуваат своите животи за да стигнат до гориво, кое протекува од нафтоводи или камиони.