Во нивниот дом не се слави денот на жената: Балашевиќ со една објава објасни што мисли за 8 март ФОТО

Причината е многу едноставна – за него секој ден е празник на жената!

3115

Меѓународниот ден на жената се слави ширум светот, но не и во куќата на Ѓорѓе Балашевиќ иако живее со три дами.

Причината е многу едноставна – за него секој ден е празник на жената!

„Јас 8 март го игнорирам и не го признавам како празник. Се обидувам кон девојките и Оља да бидам таков да секој ден во нашиот дом е 8 март. Мислам дека тоа е навредлив празник. Кон жените треба да бидете пожртвувани, и да им ја препуштите моќта во семејството. Да одлучуваа тие за сè, можеби светот ќе беше поубав. Можеби би имало малку кубење за коса, озборување и слично, но дефинитивно не би имало толку крв и зло кое ние мажите го посеавме“, напиша Балашевиќ.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

ФОТО: Marina Lopičić/Kurir.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...