Курац утрото било попаметно. Овде се гледа банда зомбифицирана поопасна во кратковидноста од ВМРО.
Па еден куп демек објективни што се претвориле во класични ботови и навијачи.
Аууу, па Зоки и Стево ова не го заслужувале.
Абе Зоки и Стево до тука се донесоа, заедно со сите останати што ви се комотни за мавање заради вашите мали интереси и локални причи.
Една добра работа од овие избори пак излезе.
Во натпревар помеѓу ботови и партии, СДСМ секогаш ќе губи.
Сега покажавте дека знаете да ги изгубите слободоумните, кои се тасот на вагата, и без кои нема одење напред.
Ќе направите дилови и Стево тесно ќе добие, ќе се бустате дека ништо не се случило, и ќе продолжите напред дрско и арогантно, тоа е и премногу очигледно.
Ама слободните ви кажаа дека не се со вас, дека во иднина уште помалку ќе ги имате, дека не трпи народ продолжување на режим и враќање на парите само во ваши џебови.
Странциве кои дигнале раце од вас, и преубаво гледаат колкав потенцијал има за трета опција, и евентуално ќе инвестираат во неа.
Понатаму ќе ве стигне уште поголема казна.
(ФБ статус на авторот)