Во наредните седум дена ќе се одземе концесијата за „Иловица“

324

Условите за одземање на концесијата на Еуромакс ресурсис за локалитетот „Иловица“ се исполнети, сметаат од Министерството за економија.

Од ова Министерство најавуваат дека се очекува во наредните седум дена да биде одземена концесијата на Еуромакс ресурсис.

Министерството за економија на последната седница доби од Владата задолжение да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село и доколку не се исполнети правно-формалните аспекти да го одбие барањето на концесионерот.

Како што соопштија од владината прес – служба доколку се утврди дека не е исполнета правната обврска на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на минерална суровина – бакар и злато, на Еуромакс ресурсис ДОО Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село, Министерството за економија еднострано да го раскине договорот за концесија со Еуромакс ресурсис Скопје, на локалитетот „Иловица“, Општина Босилово и Општина Ново Село.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...