Во нападот во хотелот во Могадишу 11 убиени

69
ФОТО: МИА

Во нападот врз хотелот во главниот град на Сомалија, Могадишу, убиени се 11 лица, вклучувајќи ги и петмината напаѓачи од групата Ал-Шабаб, изјави денеска владиниот портпарол откако заврши целата операција, јави ДПА.

Исламистичката група Ал Шабаб, која има тесни врски со Ал Каеда, ја  презеде одговорноста за нападот, што почнал доцна синоќа и траел цели шест часа во хотелот, наведе германската агенција.

Во нападот се ранети уште најмалку осум лица, додаде владиниот портпарол Исмаил Михтар Омар.

Во полициската акција на расчистување на нападот и спасување од хотелот биле извлечени стотина лица.

Хотелот,  што се наоѓа во непосредна близина на претседателската палата во Могадишу, е многу популарно место за политичарите, наведуваат полициски извори. Во него за време на нападот имало многу политичари и лидери на локалната заедница.

Вооружените напаѓачи влегле во хотелот, минуваји низ безбедносниот влез облечени во униформи на безбедносните сили.

Ова е трет пат во последната година хотел да е цел на напад на милитанти, појаснува ДПА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...