Во Музеј на Македонија промоција на книга и џез концерт

262

Музејот на Македонија вечерва во 20 часот ќе биде домаќин на два настани, промоција на книгата „Не е шега: дискиминација и цензура“ и џез концерт на Тони Китановски и неговите студенти.

Промотор на книгата ќе биде доц. д-р Ана Никодиновска Крстевска, која заедно со проф. м-р Јана Јакимовска ја уредуваше оваа публикација. Книгата е концентрирана на темите дискриминација и цензура, коишто беа обработувани од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“, и тоа преку текстови и изработка на плакати.

Професор Тони Китановски е истакнат македонски џез музичар и педагог, кој во оваа пригода ќе диригира неколку композиции што ќе бидат изведени од неговите талентирани студенти.

Со оваа промоција и концерт се финализира настанот „Не е шега: дискирминцација и цензура“, којшто во периодот од 1 до 10 април го организираа Универзитетот „Гоце Делчев“ и Музеј на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...