Во музеј во Франција половина колекција фалсификат

Се верува дека е фалсификувана повеќе од половина од музејската колекција. Сликите чинат околу 160.000 евра.

118

Официјални лица од францускиот музеј посветен на сликарот Етјен Теру откриле дека сликите за кои се мислело дека се негови, всушност се фалсификати.

Музејот на Теру во Елн, Франција, открил дека Теру не е автор на 82 дела кои нему му се препишани, објави Би-Би-Си.

Се верува дека е фалсификувана повеќе од половина од музејската колекција. Сликите чинат околу 160.000 евра.

Вработените во музејот не биле свесни дека сликите биле фалсификати, се додека еден посетител на музејот, историчар на уметност, Ерик Форкад, не им обрнал внимание на тоа.

Пред неколку месеци, тој изрази сомневање во автентичноста на сликите, по што музејот ангажирал експерти кои направиле проценка и заклучиле дека 82 дела не биле на Теру, пренесе Би-Би-Си

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...