Руската полиција врши истрага околу кражбатна редок автомобил ЗИС, за кој се тврди дека му припаѓал на некогашниот советски лидер Јосиф Сталин, соопшти московската полиција.
Како што објавија медиумите, синоќа непознати сторители ја украле лимузината на Сталин, чија вредност би можела да биде околу 2,5 милиони евра.
Од московската полиција не потврдуваат дали навистина автомобилот бил сопственост на Сталин, ниту пак дали е тоа неговата вредност.
– Сопственоста на украденото возило и неговата вредност ќе бидат познати дури откако органите на редот ќе добијат документи како доказ, објаснуваат од полицијата.