Во Мексико за една недела убиени тројца новинари

70

Во Мексико во последните седум дена убиени се тројца новинари.

Еден новинар е убиен ноќта помеѓу четвртокот и петокот, само 24 часа откако со пиштол е убиен уредник на еден информативен сајт.

Телото на третиот новинар е пронајдено на почетокот на неделата во напуштен автомобил во мексиканската држава Морелос.

Од почетокот на годината во Мексико убиени се девет новинари.

Мексико е една од најопасните држави за новинарите. Повеќе од 100 новинари се убиени од 2000 година поради нивните истражувања за трговија со наркотици и корупција. Поголемиот број од тие случаи помина неказнето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...