Во Конго од ебола починаа 26 лица

Министерството за здравство соопшти дека се потврдени уште четири нови случаи на ебола. Регистрирани се 46 случаи, од кои 21 потврден.

137

Во болниците во Демократска Република Конго утре ќе почне вакцинација за сузбивање на смртоносната епидемија на ебола, од што досега починаа 26 лица во северозападниот дел на земјата.

Министерството за здравство соопшти дека се потврдени уште четири нови случаи на ебола. Регистрирани се 46 случаи, од кои 21 потврден.

Претседателот на Конго, Џозеф Кабила претседаваше со вчерашната владината седница во врска со оваа епидемија и притоа е одлучено да се зголемат средствата за борба против болеста, кои сега изнесуваат околу четири милиони долари.

Одлучено е во некои области здравствената заштита да биде бесплатна.

Во градот Мбандака, каде што се појави првиот случај на ебола, се обезбедени 4.000 вакцини.

Светската здравствена организација претходно изрази загриженост поради тоа што болеста се појави во урбана област, бидејќи тоа ќе го отежне нејзиното сузбивање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...