Во Конго исчезнаа четворица пациенти со дијагностицирана ебола

70

Министерството за здравство на Конго соопшти дека четворица пациенти, кај кои е потврдена ебола, исчезнале по вчерашниот напад на медицинскиот центар во источниот град Бутембо.

Тоа беше втор напад на центарот за лекување од ебола во текот на изминатата седмица. Министерството доцна синоќа соопшти дека 32 од 38 пациенти, за кои има сомневање дека имаат ебола, побегнале. Дел од нив се пронајдени и привремено се префрлени во друг медицински центар. Властите трагаат по четворицата со потврдена ебола, а кои се мнозгу заразни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...