Стотици древни римски златни монети се откриени при археолошки ископувања околу театар во Комо, соопшти италијанското Министерство за културно наследство.
Монетите датираат од 5. век и биле најдени под современиот театар „Кресони”, близу местото, каде што се наоѓал древниот град Новум Комум.
Театарот работел од 1870. до почетокот на 20. век, по што бил претворен во кино-сала. Вон употреба е од 1997 година, па сега треба да биде урнат, за да може на тоа место да биде подигната луксузна резиденција.
ФОТО: Твитер