Потрагата по вечен живот и еликсир на младоста ги преокупира луѓето од памтивек, а конечен одговор на тоа прашање и понатаму немаме. Затоа со толкав интерес ги гледаме најстарите луѓе на светот, обидувајќи се да ги откријат нивните навики и да ги идентифицираат оние кои се заслужни за секој троцифрен роденден. Ако некогаш сте се запрашале каде живеат најмногу супер-стогодишници и на што можат да му бидат благодарни за својата долговечност, порталот Why Am I Unhealthy нуди одговори на овие прашања.
Кавказ
Популарната култура вели дека во овој дел од светот не е необично доживувањето на 150 години старост. Географското подрачје помеѓу Европа и Азија било дом и на најдолговечниот човек на светот – Ширали Муслимов од Азербејџан доживеал дури 168 години. Иако неговата возраст подоцна е често преиспитувана, тој тврдел дека „кога еднаш ќе дојдете до оваа возраст, 20 или 30 години не прават некоја разлика“.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pexels