Во продажниот ликовен салон на ЈУ Културно Информативниот Центар – Скопје, утре во 20 часот ќе биде отворена изложбата на уметниците Марио Ромода (Хрватска) и Марија Конеска (Македонија) .
Тие се првите гости/учесници на европскиот проект КРЕАРТ. Уметниците создаваа свои дела во период од месец дена.
Уметникот од Хрватска, Марио Ромода, креира слики на стари превозни средства на стиропор со нему својствена комбинирана техника, а се со цел, покрај ликовноста да се добие пластичност и тродимензионалност на сликите.
Уметникот од Македонија, Марија Конеска, создава дела користејки стари фотографии во манирот на дигиталната уметност.
Изложбата ќе биде отворена до 26 Јуни.