Кинеските власти утрово пријавија нови 28 смртни случаи од новиот коронавирус, со што бројот на починати се искачи на 3.070 луѓе.
Здравствените власти пријавија 99 нови инфицирани со Ковид-19 во Кина, што е многу повеќе од изминатите денови.
Забележани се 74 нови случи во централната провинција Хубеи, епицентарот на епидемијата каде Ковид-19 првпат се појави во декември.
Надвор од Хубеи регистрирани се 25 нови пациенти.
Во меѓувреме кинеските власти забранија конзумирање и одгледување на диви животни, но се проценува дека тешко ќе биде запрена трговијата со овие животни.
Во Кина дивите животни не се употребуваат само за исхрана, туку и за изработка на украси, но некои од нив се чуваат и како домашни миленици.
Владата најверојатни ќе ја забрани и употребата на диви животни во традиционалната медицина.
Официјален Пекинг соопшти и дека вкупно 78 милиони кинески рурални миграциски работници се вратиле на работа, што е 60 проценти од вкупниот број што заминале во своите домови за кинеска Нова година. Зголемениот проток на населението го зголемува ризикот од зараза.